Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Поради појава на магла видливоста е намалена од 50 до 100 метри на планинските превои Стража, Ѓавато и Пресека.

Забрана за движење за сите моторни возила е воведена на патниот правец крак Маврово-Дебар на потегот од крстосницата за Маврово до Дебар.

Како што информира АМСМ забраната за движење е воведена од 18:30 часот од безбедносни причини поради одрони и паднати дрвја.

Од ЈП Македонијапат препорачуваат крајно внимателно возење и потсетуваат дека е можна појава на поситни одрони на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци и апелираат за внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

OhridNews