Поради појава на магла, намалена видливост од 30 до 50 метри има на планинскиот превој Буково. Според информациите од АМСМ, сообраќајот на државните патишта во Македонија утрово се одвива по влажни коловози. Слаб дожд паѓа на територијата на цела Македонија. На Попова Шапка се бележат слаби врнежи од снег.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

OhridNews