Поради појава на магла намалена видливост до 100 метри има планинскиот превој Буково, а магла со видливост од 50 до 60 метри има на планинскиот превој Стража, информираат од АМСМ. Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија утрово се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Слаби врнежи од дожд се бележат на планинските премини Буково и Ѓавато.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
OhridNews