Целта на акцијата која Комуналец ќе ја спроведе во соработка со медиумите е да се сврти вниманието на пошироката јавност на односот на поединци кон животната средина и донекаде да се ублажат последиците од загадувањето на природата. Се очекува јавното комунално претријатие да ги изнесе и податоците за состојбите и приблемите со хигиената на градот и плажите оваа сезона.
Акцијата е поддржана од Ohridnews, а за сите заинтересирани кои сакаат да земат активно учество во неа организиран е бесплатен превоз почнувајќи од 09.00ч. (16.08.2008г.) од кругот на Дирекцијата на Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид.