Во рамките на Акцијата “Ден на дрвото, засади ја иднината” што Граѓанската иницијатива за пошумување во Република Македонија ја организира во петок, Ј.П.”Охридски Комуналец” и Општина Охрид ќе ја одбележат со засадување на садници од видот “аризонски чемпрес”.


Овие садници е предвидено да се засадат во зелениот појас на дел од магистралниот пат Охрид-Св.Наум, на потегот од Хидробиолошки завод до нас.Рача.

Садниците ги обезбеди Ј.П.”Македонски Шуми”-подружница Охрид.

OhridNews