Сообраќајот во охридско се одвива отежнато и во зимски услови. Граѓани кои попладнево тргнале на пат реагираат дека не е чист магистралниот пат Охрид – Кичево. На коловозот има снег, поради што на возачите им се препорачува крајно внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.
Забрана за тешки товарни возила има на патните правци Гостивар-Кичево преку Стража и на патниот правец Маврово-Дебар.
Како што соопшти АМСМ, на овие патни правци има поголеми остатоци од снег на коловозите и за патничките возила се препорачува исклучително внимателно возење и прилагодување на брзина на движење поради можноста од пролизгување.
На превоите Пресека, Буково, Ѓавато и Плетвар засега нема забрани за движење на возилата, но и таму снегот се задржува на коловозот.
Сообраќајот на останатите магистрални и регионални патни правци се одвива отежнато и во зимски услови поради врнежи од снег.
АМСМ препорачува внимателно возење и низ клисурите на почестата појава на поситни одрони, особено на патните правци Маврово-Дебар, Катланово–Велес и Демир Капија-Удово.
Метеоролозите најавуваат ниски минимални температури во недела, кои на места ќе се спуштат до -11 степени Целзиусови. Дневната максимална температура нема да достигне повеќе од 5 степени.
Се поголем е бројот на ученици кои се запишуваат во дуалните паралелки во трите средни стручни училишта во Охрид Овој позитивниот тренд, за жал, не соодетствува со задржување на младите во Охрид и ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во „Студио 10” на Телевизија 24, говореше за новите измени на законот за Електронски комуникации во кој што е предвидено да се забра...
Во текот на јануари оваа година, полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, во водите на Охридското Езеро, самостојно, но и во соработка со Државниот инспект...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.