На Универзитетот во Удине, Италија одбранет е магистерски труд за поезијата на Славе Ѓорѓо Димоски. Трудот е на Магде Николеска, а одбранет е кај професорите д-р Родолфо Ѕуко и д-р Натка Бадорино.
Насловот на трудот е „Блиска врска од Славе Ѓорѓо Димоски, методолошки размислувања и предлози за превод“.
Трудот има 213 страни и поделен е на три поглавја:Првото поглавје се однесува на поезијата и на преводот на поезијата;Второто поглавјеги согледува карактеристиките на поезијата на Славе Ѓорѓо Димоски; Третото поглавје преставува клучна точка на трудот. Застапени се 40 преведени песни од С.Ѓ. Димоски, истите поединечно се анализирани и направен е компаративен преглед со англиски превод на истите песни.
Трудот е одбранет во месец јули 2015 година.
OhridNews