Кога Сем Ван Акен во 2008 година открил дека еден овоштарник во Њујорк, кој содржел стебла на овошки стари 200 години е препуштен на пропаѓање, одлучил да го откупи како би ги спасил сортите, но и како би експериментирал. Со калемење на постоечките стебла, овој њујоршки уметник и научник успеал да створи „магично дрво“ кое раѓа повеќе од 40 различни врсти овошје, како што се кајсии, сливи, нектарини, цреши, праски и бадеми.

Една од предностите на ова хибридно дрво е што овошките созреваат во различни временски периоди и интервали. Ван Акен досега произвел 16 магични стебла кои се претставени во њујоршките музеи. Идејата на овој проект е да се поттикне културата на диверзитетот и да се заштитат сорите кои не се одгледуваат поради исхрана.