18 – ти јануари ќе остане запаметен како ден на кој Македонија ракометно царуваше.
Македонската ракометна репрезентација на планетарниот собир во Хрватска ја извојува првата мундијалска победа над Алжир (32-19).
Македонскиот првак Ѓорче Петров во Лигата на Шампионки го совлада данскиот Икаст (32-27), екипа во чиј состав имаше ракометарки кои пред месец дена во истата сала станаа европски првенки.
Магичниот број 32, кој долго време го паметиме по Ирвин “Меџик“ Џонсон е бројот кој ќе ни буди пријатни спомени.
32 пати македонските ракометни јунаци ја тресеа мрежата на Алжир во Вараждин , 32 пати македонските хероинки ги израдуваа навивачите во салата “Борис Трајковски“.
2008-та година беше година на ракометот, но ракометните мајстории продолжија да не радуваат и во 2009 – та година .