Извонредниот хрватски пејач Масимо Савиќ, и приреди незаборавна вечер на публиката на познатата охридска плажа “Cuba Libre”.

Присутните уживаа во настапот на исклучителниот вокал и неговиот бенд, пеејќи ги заедно големите хитови: „Странац у ночи“, „Замисли живот у ритму музике за плес“, „Само један дан“, „Из једног погледа“, „Лоше вино“…

51-годишниот Масимо кариерата ја започна во 1983 година како вокал на групата „Доријан греј“ со која издаде два албума. По распадот на групата започнува соло кариера која успешно трае до ден денес. Масимо зад себе има седумнаесет албуми, а дел од исклучително богат и квалитетен репертоар синоќа имаа можност да чујат присутните на плажата “Cuba libre”.

OhridNews