Ладното време ја зави во снег и мраз речиси целата територија на Соединетите Американски Држави. Исклучително ниските температури довеле до неверојатни и ректи појави на небото над сојузната држава Њу Мексико. Преубавиот и редок „леден ореол“ го уловил со својата камера тексашкиот фотограф Џошуа Томас едно ледено утро на почетокот на оваа година.

 

Овој оптички феномен со различни прстени и форми на небото е формиран од светлината и ледените кристали во атмосферата предизвикани од ладното време. Прогнозите за следниот период не одат во прилог на зиморлиите во Америка, бидејќи арктичкиот бран ќе продолжи да ги прекрива САД, а ќе стигне дури и на југот на Тексас.