Незаборавни мигови исполнети со одличен хумор и квалитетна музика понуди седмото издание на најголемото културно – забавно шоу во Охрид – „Зимска бајка“, кое вчеравечер до последно место ја исполни салата на Центар за култура „Григор Прличев“.

Атмосферата ја загреаја неповторливите Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски – алијас „2 Mothers brothers“ кои направија паралела на минатото и секогашноста, навраќајќи се на животот во 80-те години и споредувајќи го со денешниот начин на живот.

На скенерот на Никола и Стрезо беа и актуелните состојби во општеството. А насмевките кај присутните не престанаа и за време на настапот на специјалните гости, извонредните комичари Атанас и Тино од Театар „Комедија“.

Музичкиот дел од шоуто на присутните им приреди уживање со дел од безвременските хитови од 80-те години од минатиот век, еден од најплодните периоди на светската музика.

Бендот на „Зимска Бајка“ (Анатолиј Арнаудоски – гитара, Владимир Кречоски – бас гитара, Ѓорѓи Калајџиев – тапани, Никола Јосифоски – сајзер и Џевад Рамаданоски – виолина) и вокалните солисти Емилија Колоска и Христијан Тоневски придружувани од Минела Богдановиќ, Марија Илиевска и хорот Вокс Лихнидос, под диригентска палка на маестро Бурим Хидри, изведе некои од најпознатите песни од незаборавните Квин, АББА, Тина Тарнер, Витни Хјустон, Принц и други.

Настанот кој се одржa во продукција на Охридњуз, во кој покрај уметниците беа вклучени бројни волонтери и логистика, несебично го подржаа: Хотел Чинго, АСП ПАК, Пе-Логистик, Општина Охрид, Коста Абраш, Ресторан Св. Софија, ГУГО – Охрид, Топ Маркет, Стоматолошки центар Др. Баткоски, Аптеки Виа Фарм, Кармен Бауцентар, Здружение на возачи Охрид, Хотел Тино центар, Рондо трејд, Monastery winery, Диско Инклузив, Жито леб, ОДВ Електрик, Трпе Инвест, Ресторан Острово, ПАП Охрид, Ресторан Острово, Винарија С & С, Кадмо бар, Гостилница Боем, Бутик Емили, Тапни, Дигитал Бокс и ЕXPLORE OHRID.

Организаторот упати голема благодарност до сите нив, како и Центарот за култура „Григор Прличев“, печатница Нипон (Мр. Фруит), Арт Спејс, Принт студио, Лабино саунд, Малче саунд, Црвен крст Охрид, како и до Архивот на град Охрид и охридскиот фотограф Митко Лукан, кои отстапија дел од архивата од 1980-те години која беше презентирана на шоуто и ги потсети охриѓани како ни изгледаше градот пред четириесеттина години.

Се надевам дека позитивната енергија која ја споделивме на „Зимската бајка“ 2023 ќе ја пренесеме и во Новата година и ќе ја претвориме во успех не само на личен план, туку и на општеството во целина, истакна Горан Момироски, организатор на настанот.

Настанот видео и фото го документираше познатата охридска придукцијата „Digital Box“, која подготвува креатива за „Зимска бајка“ 2023.

Наскоро OhridNews, ќе го промовира и печатеното издание на Годишната ревија на настани, која бесплатно се дистрибуира до читателите. На специјален настан во Кадмо бар, кој ќе се емитува во живо на социјалните мрежи и на нашиот портал, ќе бидат доделени признанијата на најуспешните приказни во Охрид во 2023 година.

OhridNews
Фото: Анамарија Момироска/Бобан Стојаноски