Ристо Магдинчев е нов селектор на женската ракометна репрезентација. Тој на функцијата селектор го наследи Гино Стрезовски, кој поднесе оставка по изгубениот двомеч со Шпанија за пласман на СП.

– Не ветувам чуда најпрвин ќе се потрудам да ја стабилизирам женската ракометна репрезентација. Имаме голем потенцијал, но потребна е работа за да го извадиме на површина. Ќе поставам нови методи на работа, ќе се собираме по еднаш неделно за да ја вратиме ведрата амотсфера во селекцијата – рече Магдинчев.

Падот на квалитетот во женската ракометна репрезентација е видлив, затоа пред Магдинчев престои „планини за искачување“ за враќање на женскиот ракомет на старите патеки.

Мх.П.

Фото : „Екипа.мк“