Моника(21) сите овие години го глумела магарето на Санчо Панса во балетот „Дон Кихот“. На прошталната забава ја послужиле со торта од морков.
Целата постава на балетот од Санкт Петерсбург се поздравила со својот најстар член, 21-годишната магарица Моника,која после 19 години работа, ја испратиле во заслужена пензија.
Моника во текот на годините ја глумела верната пријателка на Санчо Панса во балетот „Дон Кихот“. На прошталната забава била послужена и торта од морков, а Моника одиграла и валцер.
магарицата Моника оди во пензија
Новиот дом на Моника е Зоолошката градина во Санкт Петерсбург,а нејзината улога ќе ја преземе друга магарица, Алина.
„Штета што толку рано оди во пензија, но познато е дека балерините рано се пензионираат. Моника секогаш точно знаеше кога треба да излезе на бината, се надевам дека искуството ќе го подели со својата наследничка“ изјавила првенката на балетот Анастасија Колегова.
Jасминка Т. Момироска