Властите на едно гратче на Сицилија ги замениле камионите за собирање ѓубре со магариња за собирањето на сметот да им биде поеколошко, поевтино и поефикасно.
Шест магариња од февруари годинава ја работат работата која претходно се извршувала со четири камиони во гратчето Кастелбуоно кое има 10 000 жители.
На градскиот сајт пишува дека едно магаре чини 1.200 евра, а за храна и одржување се потребни уште 2. 000 евра годишно. Цената на еден камион за собирање смет е 30.000 евра плус 7-8.000 евра за одржување.
Со оглед на тоа дека нашево јавно комунално претпријатие мака мачи со застарениот возен парк и тешко пристапниот терен во некои делови од градот не е лошо да ја разгледаат идејата на италијаниве.
Ј.М.