Симпатичното зборлесто магаре од цртаниот филм “Шрек” ја освои круната во анкетата за најдраги филмски животни. Гласот за магарето од овој цртан филм го позајми познатиот актер Еди Марфи. Можеби тоа најмногу придонесе да стане најомилен филмски животински лик.
На второто место се најде лавчето Симба од познатиот цртан филм “Кралот Лав”, а третото место му припадна на мечката Балу од “Книга за џунглата”. Анкетата беше спроведена од најголемиот британски изнајмувач на ДВД и игри.