Семејството на еден починат тајвански мафијашки шеф подарило два милиони евра во добротворни цели за да ја исполнат неговата последна желба. Ли Чао-Хсијунг, влијателен водач на тајванската Тријада умрел од рак кога имал 73 години.


Парите биле доделени на лицата со инвалидитет и на сиромавите луѓе, а помал дел добиле и верските организации. Се очекува неговиот погреб, закажан за крајот на април, да биде еден од најголемите на островот на кој ќе присуствуваат повеќе од 20 илјади луѓе.