Италијанската полиција запленила од еден мафијашки шеф во Неапол крокодил со кој ги плашел локалните бизнисмени и им изнудувал рекет. Полицајците му ја претресле куќата во потрага за оружје, но нашле само крокодил долг 1,7 метри и тежок 40 килограми.
Го хранеле со зајаци и глувци. Осомничениот кој наводно бил еден од шефовите на мафијата, ги викал своите жртви и им претел дека ќе ги фрли на крокодилот доколку не му платат. Го уапсиле за илегално поседување на животни и изнуда.