пијанистот Симон Трпчески вечерва во 20 часот во Центарот за кулура во Охрид, ќе одржи хуманитарен концерт.
На концертот ќе бидат изведени дела од
Хајдн, Моцарт, Шопен, како и од домашни автори, а по завршување на
настапот Трпчески за публиката ќе ги потпишува своите компакт-дискови
– изданија на „ЕМИ Класикс“.
Пијано-виртуозот неодамна
со голем успех настапи како солист во изведбата на Концертот број 3 за
пијано и оркестар од Сергеј Рахманинов, заедно со Кралскиот ливерпулски
филхармониски оркестар, под диригентската палка на Василиј Петренко. Со овации од публиката беше проследен и неговиот настап во Тронтхајм, Норвешка, каде што со Симфонискиот
оркестар на овој град го изведе Пијано-концертот од Равел.