Фантастичната серија на Барселона во Лигата на Шампиони на домашен терен е продолжена победувајќи и на десеттиот натпревар во низа. Следен во “машинеријата“ беше украинскиот Шахјтор Донецк кој со петарда си замина од Ноу Камп.
Како и на секој натпревар на домашен терен Барселона беше таа која го диктираше темпото на игра. Повторно маестрална партија на средината на теренот пружи Чави кој со разно-разни подовања ги проигруваше своите фудбалери а и се запиша во листата на стрелци. Чави на натпреварот со Шахјтор реализирал 123 додавања од кои 116 му биле успешни. Втор на таа листа е аргентинецот Хавиер Маскерано со 80 прецизни од 89 додавања. За индиспонираноста на Шахјтор на натпреварот од 1/4 финалето на Лигата на Шампиони говори фактот на Ишченко има 36 успешни додавања од 52.
Десниот бек на Барселона, “семоќниот“ Даниел Алвеш кој го постигна вториот погодок за “блауграната“ претрчал најмногу односно 11 843 метри додека второто место му припадна на “маестро“ Чави со 11 568 метри.
ohridnews