Новото момче на поп кралицата Мадона, Ибрахим Зајбат, за прв пат проговорил за својата романса со Мадона. Францускиот брејкденсер, инаку побожен муслиман, за Мадона изјавил дека е исклучителен уметник и светски позната, но и покрај тоа дека таа била само жена.
Се запознале на ревија за нејзината облека во септември. Неговиот пријател Норман, кој танцувал за неа, го повикал да танцува на настанот. Имал соло точка на нејзиниот хит “Material Girl”. Се запознале зад сцената а таа му се заблагодарила за учеството на церемонијата.