Американската пејачка Мадона и нејзиниот поранешен сопруг, британскиот режисер Гај Ричи, водат отворена војна за старателство над 15-годишниот син Роко. Веќе неколку дена Роко одбива да се врати кај мајка си во Њујорк и бара да остане да живее со таткото во Лондон. Мадона, која го дели старателството над момчето, дозна преку својот адвокат дека нејзиниот син „јасно и стави до знаење дека не сака да се врати во Њујорк“. Според пишувањата на сајтот TMZ, тинејџерот одбива да ја посети мајката и сака да остане со таткото кој води стабилен семеен живот за разлика од Мадона, која постојано патува.
Роко, исто така, тврди дека се чувствува запоставено и дека е уморен од стриктните правила кои му ги наметнува поп дивата. Ричи го поддржува синот во одлуката да остане во Лондон, па дури и му ангажира адвокат. Мадона и Ричи се разведија во 2008 година. Заедно го имаат и посвоениот 10-годишен син Дејвид. Мадона има уште две деца, 19-годишната Лурд и деветгодишната Мерси Џејмс.