Поп пејачката Мадона отпатувала на Хаитите како би ги видела хуманитарните проекти кој нејзиниот поранешен сопруг Шон Пен ги започнал после разорниот земјотрес во 2010 година. Холивудскиот актер рекол дека ја повикал Мадона, со која задржал сјајно пријателство да го посети, и додал дека таа на Хаитите дошла со синот Роко. Пен рекол дека стигнале пред неколку дена и дека не знаел колку ќе останат.

Мадона на Инстаграм веќе поставила бројни фотографии. На една позира во новата болница во централниот дел на земјата. Над фотографијата стоел натпис „Љубовна револуција на Хаити“. На друга фотографија се гледале планини на зајдисонце со коментар „Зајдисонце на Хаитите. Ова е рај!“. Пен од 2012 година работи како амбасадор за оваа земја. Основал хуманитарна организација која е фокусирана на изградба на куќи и преселба на илјадници луѓе кои ги изгубиле своите домови во земјотресот. Неговата група неодамна спонзорирала пет тркачи да учествуваат на Њујоршкиот маратон.