Мадона конечно успела да го надмине прагот од милиарда долари. Американскта пејачка така на 54 години му се придружила на ексклузивниот клуб славни личности со десетцифрени сметки во банка. Пред две години нејзиниот имот бил проценет на 700 милиони долари, но поп кралицата, позната и како вешта бизнис жена, знаела мудро да ги инвестира своите пари и на тој начин своето богатство да го зголеми на милијарда долари.

Таа инкасирала десет милиони долари од реклами за водката Смирноф, а нејзиниот парфем “Truth of Dare” и донел дополнителни 60 милиони долари. Вложувањето во ланецот фитнес клубови “Hard Candy” исто така и донело приходи, како и вложувањето во диеталниот пијалок “Vita Coco”. Не треба да се занемарат ниту приходите од продажбата на албумот “MDNA”, како и заработката од светската турнеја која и донела повеќе од 305 илјади долари.