Мадона била во посета на ноќниот клуб „Аура“ во Лондон. Започнала да крева паника кога забележала дека ги изгубила очилата за сонце. Наводно телохранителите и помагале да ги пронајде.
Познато е дека популарната пејачка не се одделува од очилата за сонце секаде каде што оди, бидејќи не сака да ја фотографираат без нив.