Иако турнејата на Мадона MDNA од самиот почеток била следена од низа скандали, таа во текот на 2012 успеала ширум светот да заработи 228 милиони долари и така да се најде на врвот на најуспешните за оваа година. Се чини дека во нејзиниот случај контраверзиите само помогнале што поголем број луѓе да ги посетат нејзините концерти, па на крајот поп кралицата имала и најуспешна турнеја во 2012.
На второто место зпоред заработката од турнеи во 2012 е Брус Спрингстин со 199 милиони долари, а на третото Роџер Вотерс со 186 милиони.