На поп кралицата никогаш не и било проблем да каже се што мисли па така се нафрлила и на социјалните мрежи, односно, како што вели, на нивните лицемерни правила. Мадона под фотографијата на која позира гола, покривајќи ги градите, како што налагаат правилата на Инстаграм со трака, запрашала зошто е во ред да се покаже гол задник, но не и голи гради? Додала дека се дави во лицемерието на социјалните мрежи.

 

Таа би требало да се продружи на движењето “Free The Nipple”, кое се залага за тоа женското тело пред законот да се третира исто како и машкото. Скаут Вилис, ќерката на Деми Мур и Брус Вили веќе во рамките на оваа кампања прошетала топлес по улиците во Њујорк откако во овој дел на САД било со закон дозволено жените во јавност да смеат да ги покажуваат градите.