Поп дивата Мадона снимила песна со ќерката Лурд, која најверојатно ќе се најде на нејзиниот нов албум. Песната се вика “It’s So Cool”, а ќе се појави или на нејзиниот нов албум или во нејзиното режисерско деби во филмот ‘W.E.”. Мадона се надева дека оваа нумера ќе биде отскочна даска за Лурд која сака да се обиде во поп музиката.
Неименуван извор изјавил дека Мадона е одличен ментор и дека е решена да и помогне на ќерката во првите чекори во музичката индустрија. Тие прв пат оваа песна во акустична верзија ја снимиле во 2003 година. Таа била објавена како бонус песна на албумот ‘Hung Up” од 2009 година, но гласот на Лурд бил отстранет.