Поп ѕвездата Мадона е опседната со стравот дека некој од нејзините обожаватели ќе украде нејзин ДНК, и поради тоа ангажирала тим „стерилизатори“, кои по секој нејзин настап ја чистат нејзината гардероба.

Медиумите пренеле дека пристап во нејзината гардероба има само одреден круг луѓе, бидејќи пејачката била параноична. Извори блиски на пејачката рекле дека таа не сака некој од нејзините најголеми обожаватели да земат примерок од нејзината ДНК на било каков начин.