Американската пејачка и бразилскиот манекен се во врска нешто повеќе од две години. Се запознале на снимање во Бразил недолго откако Мадона се разведе од Гај Ричи. Извори блиски на пејачката откриле дека Мадона сака дете со Џесус Луз. Наводно веќе била на консултации кај повеќе лекари.
Знае дека на 51 година ќе и биде тешко да забремени по природен пат. Вели дека мајчинството е нејзиното најголемо достигнување во животот. Џесус ги обожава нејзините деца, но сака да има и свое. Мадона веќе ги има ќерката Лоудрес и синот Рока, а од Малави ги посвоила сирачињата Дејвид Банда и Мерси Џејмс.