Поп пејачката Мадона и нејзиното речиси 30 години помладо момче, танчерот Брахим Заибата ја раскинале тригодишната врска. Како што пренесува Дејли Меил, причина за раскинувањето е нивниот пребукиран распоред.

Пејачката моментално се наоѓа во Њујорк, додека тој моментално во Франција ја снима емисијата „Танц со ѕвездите“. Последните месеци парот ретко е виден заедно, а Заибата многу често на друштвените мрежи поставува фотографии од него и неговата партнерка по танц од Париз Катрине Панчет.