Пејачката Мадона открила дека за време на својот прв престој во Њујорк била силувана. Поп ѕвездата во исповедувањето за новиот број на американското списание „Harpers bazar“ навела дека Њујорк не ја дочекал со „раширени раце“. Во нејзиниот текст било наведено дека првата година ја ограбиле под закана со пиштол, ја силувале на покрив на зграда под закана со нож и три пати и го обиле станот.
Пејачката пишувала и за тоа каков однос на почетокот имала кон религијата и естаблишментот. Рекла дека на 25 години носела крст околу вратот затоа што според неа Исус бил секси. Тоа го кажувала само за да ги провоцира луѓето. Таа во текстот се осврнала и на своите бракови, престојот во Лондон и на воспитувањето на децата. За злоставувањето Мадона прв пат зборувала во 1995 година во интервју за едно списание кое никогаш не било објавено.