Кралицата на попот, Мадона, повторно, по четврти пат од 1995 година ќе биде заштитно лице на италијанската модна куќа Версаче за рекламната кампања за сезоната пролет/лето 2015 година, соопштила модната куќа. Американската пејачка која има 56 години ќе ја наследи колешката Лејди Гага, која била заштитно лице за оваа година за истата сезона.
Во соопштението на модната куќа се наведува дека фотографите сакаат да ја уловат одлучноста на Мадона и нејзиното вонвременско влијание. Донатела Версаче рекла дека Мадона е една од најголемите икони на модната куќа. Истакнала дека е среќна што нејзината пријатела и влијателен уметник повторно ќе биде нивна муза.