Лошите реакции за турнејата под името “MDNA” на пејачката Мадона продолжија и во Виена каде таа пеела на плеј-бек и со многу лош сценски настап па предизвикала незадоволство кај публиката.

Во Виена поминала точно 90 часа пред да отпатува за Варшава, а за тоа време успеала и да го искритикува еден од најдобрите ресторани во градот и ја вратила секоја порачка што ја направила.

После “лошото искуство” во ресторанот таа ја откажала планираната тура на градот и се вратила во хотелот “Империјал” па својата фрустрација ја “потрошила” во фитнес центарот.
За текот на престојот во Виена, Мадона не поделила ниту еден автограм, а на својот настап пред 25.000 луѓе пеела на плеј-бек точно 60 минути и ги разочарала своите обожаватели.