Поп пејачката Мадона е спремна да се пресели од Соединетите Американски Држави во Велика Британија како би била поблиску до синот Роко, пренесува “Daily Mail”. Пријател на пејачката изјави дека нејзиниот син Роко уште од ноември минатата година живее со татко си, Гај Ричи во Лондон, а Мадона е дури и спремна да ги закопа воените секири со поранешниот сопруг за да биде поблиску до синот.
Тој исто така додава и дека Мадона моментално е на светска турнеја, и дека со нетрпение чека да се завршат нејзините концертни обврски, како би можела да одлета за Англија и да го види синот. Инаку, кога Роко се пресели во Англија, како би ги започнал студиите во Лондон, пејачката и нејзиниот поранешен сопруг својата кавга ја префрлија на суд каде се бореа за старателство.