Мадона (50) пееше пред 30 илјади гости во Белград. Иако требало да преспие во еден елитен апартман, веднаш по концертот го напуштила градот. Српските медиуми пренесуваат дека добила совети од своите соработници веднаш по концертот да го напушти градот.
Наводно и рекле дека Србија не е сигурна земја, а се шпекулира и дека добила информација за наводен атентат. Организаторите на концертот откриле дека немало причина за страв и дека ги исполниле сите услови поп кралицата да се опушти.