Кралицата на поп музиката Мадона потрошила околу 50 илјади фунти за одмор на семејството на нејзиното момче Брахим Заибат, плаќајќи им го сместувањето и сите трошоци во хотел на југот на Франција. Пејачката моментално се забавува со 26 години помладиот Брахим Заибат, а како би ја восхитила неговата мајка Патриција Видал и неговите пет братучетки им платила одмор во хотелот “Du Cap” и им дала неограничен буџет за трошење.


Мадона некое време уживала со нив додека не отишла во Венеција да го промовира својот нов филм. Пред врската со Брахим, Мадона била во љубов со моделот Хесус Луз, откако во 2008 година се развела од Гај Ричи.