Поп ѕвездата Мадона планира голема светска турнеја на која ќе го промовира албумот на кој моментално работи со продуцентот Вилијам Орбит. Мадона и Орбит работеле заедно и на хит албумот на пејачката “Ray of Light” од 1998 година.
Тие моментално во едно студио во Њујорк работат на нејзиниот дванаесетти студиски албум, пренесуваат медиумите. Мадона последниот албум “Hard Candy” го објавила во 2008 година. Нејзиниот менаџер Гај Озири минатиот месец потврдил дека таа почнала со снимање на новиот албум.