Директорот на социјалната служба во Малавија потврдил дека Мадона ги предала документите за посвојување на дете. Друг извор вели дека пејачката следниот викенд патува во Африка, а нејзиното барање во понеделник ќе се најде на суд. Но, се појавиле гласини дека Мадона и нема така лесно да добие дете на посвојување.
-Нашата политика е да не праќаме деца во “уништени семејства“. Веста дека е поврзана со маж на друга жена, и дека е во врска со двојно помлад маж од неа, ја доведува во прашање нејзината моралност-изјавиле од министерството за жени и детска грижа. Мадона има три деца:Лордес и Рока, и малиот Дејвид од Малавија.