Мадона, една од најбогатите жени во шобизнисот, ги изненадила присутните кога во еден ресторан во кој отишла на вечера со криење извадила свое шише вино и чаши. Кралицата на попот со своето момче Брахим Забат излегла на романтична вечера во еден ресторан во Њујорк, а присутните ги изненадиле кога од торбата извадиле свое шише црно вино и две кристални чаши.

Ставиле вино во чашите и веднаш потоа шишето го вратиле назад во торбата, како никој не би забележал за што станува збор. Кога завршиле со вечерата, ги прибрале и празните чаши и ги понеле со себе. Мадона инаку е позната и по тоа што пие исклучиво Кабала вода која лини шест фунти.