Поп пејачката Мадона е најплатена жена во музичката индустрија со заработка од 125 милиони долари според списанието Форбс. Списанието навело дека благодарение на годишниот приход таа е и најплатена позната личност воопшто. Повеќе од парите од јуни 2012 до јуни 2013 Мадона ги заработила со турнејата MDNA, но и со продажбата на облека и парфеми.
На второто место е Лејди Гага со 80 милиони долари а на третото Тејлор Свифт со заработени 55 милиони долари. Форбс листата ја составува врз основ на продажбата на албуми, концерти, турнеи, производи, но и на основа на интервјуа со концертни промотери, адвокати и менаџери. На четвртото место на листата е Бијонсе со 53 милиони долари а на петтото Џенифер Лопез со 45 милиони долари.