Кралицата на попот денес ја најави својата голема светска турнеја “Rebel Heart”, која ќе започне кон крајот на летото и на која ќе го промовира најновиот, 13. студиски албум. Мадона турнејата ќе ја започне на 29 август во Мајами, а потоа ќе следат 34 концерти во арени ширум Северна Америка и Европа, од кои последниот ќе биде одржан на 20 декември во Глазгов.

 

Како што најавиле организаторите, картите ќе бидат во продажба од редината на март. Популарната пејачка наскоро би требало да ги соопшти датумите на концертите во Азија и Австралија, каде ќе настапува по прв пат после две децении. Во 2012 година Мадона ги откажа концертите во Австралија во рамките на турнејата “MDNA”. Во рамките на таа турнеја имала 88 настапи во Америка, Европа и Азија, и заработила повеќе од 300 милиони години.