Поранешната соседка на Мадона ја обвинила популарната пејачка дека поради прегласната музика нејзиниот живот бил пекол. Поп иконата ќе мора на суд бидејќи во станот во Њујорк секој ден пуштала гласна музика со која ги вежбала чекорите со својата танчерска група.


Соседката Карен Џорџ поднела тужба уште пред две години поради буката и вибрациите кои допирале од станот на Мадона. Портпаролот на пејачката изјавил дека Мадона повеќе не живее во таа зграда, а кога била таму била одличен сосед. Таа тој стан го купила во 2008 година за 7 милиони долари.