Иако неколку пати претходно истакнала дека не гледа потреба да отвори профил на Фејсбук или налог на Твитер, Мадона по се изгледа не и одолеала на се попопуларната мрежа со фотографии. Славната пејачка отворила налог на Инстаграм и ги почестила фановите со две фотографии.
На една од фотографиите се гледа како со перика на главата пие мартини, а на другата покажала како се испотела по напорното вежбање.