На Мадона очигледно не и е здодевно, или баш во тие моменти смислува некоја нова занимација, која подоцна се претвора во бизнис. Овој пат, својата сестраност ја покажала со тоа што креирала колекција чевли. Осмислила 60 модели на обувки, меѓи кои има и со вртоглава потпетица, рамен ѓон или чизми.
Колекцијата „Вистина или предизвик“, која се очекува оваа есен, Мадона ја дизајнирала со помош ма долгогодишната стилистка Аријана Филипс. Нејзините чевли изгледаат по малку панкерски, од осумдесеттите години, имаат ниски потпетици или метални делови.