Мадона наредната година ќе одржи голем концерт во Лондон, и тоа во времето кога таму ќе се одржуваат Олимписките игри. како би се вратила на музичката сцена, популарната пејачка одлучила да направи концерт во лондонскиот Хајд Парк за 60 илјади луѓе.


Музичко-сценскиот настап ќе биде одржан во јули, токму кога Лондон ќе биде домаќин на најпрестижниот спортски настан. Извор близок на пејачката изјавил дека Мадона планирала големо враќање. Некое време била далеку од очите на јавноста, но сега била спремна да се врати онаму каде што припаѓа.