Поп кралицата Мадона има намера да лансира сопствен парфем. Познатата пејачка била во сериозни преговори со козметичката компанија Коти која би требало да и биде партнер во креирањето на новиот мирис со нејзин потпис.
Со овој познат бренд претходно соработувале Лејди Гага, Џенифер Лопез и Дејвид Бекам. Мадона неодамна со својата ќерка лансирала линија на облека и козметички производи под името “Material Girl” кои биле наменети за тинејџерската популација.