Мадона пред две години го посвои момчето од Малави Дејвид банду. Оваа година повторно отишла во Малави за да посвои едно девојче од дом за сираци по име Мерси Џејмс. Таа со години на домовите за сираци им дава милиони, а сега исто како и Опра Винфри во Африка одлучила да отвори училиште за девојки.


Изградбата на училиштето ќе чини повеќе од 6 милиони евра. На сите овие активности, како и за изградбата на училиштето многу благодарен и е и претседателот на Малави Бингу Ва Мутарика.