Поп кралицата Мадона направила кариера шокирајќи ги луѓето. Од тоа не се откажала ниту во понеделникот, кога на годишната забава „Мет Гала“ посветена на панкот, во њујоршкиот музеј, се појавила во карирано сако, розе чевли, мрежести чорапи, ланци, кожени ракавици со нитни, кожен ремен, катинар околку вратот и крст на задникот.

Се чинело дека на црвениот тепих многу ужива во внинамнето на фото репортерите и камерите, бидејќи им дозволила да ја фотографираат од сите можни агли. Освен Мадона, на забавата присуствувале и Бијонсе, Џенифер Лопез, Мајли Сајрус, Тејлор Свифт и Ема Вотсон.