Мадона ја ставила на продажба својата куќа на Беверли Хилс за 28 милиони долари, што е повеќе од двојно од цената која ја платила пред десет години кога ја купувала куќата. Како што јавуваат медиумите, раскошната вила ја купила во 2003 година кога сеуште била во брак со британскиот режисер Гај Ричи.
Раскошната вила во француски стил, која се наоѓа на Сансет Булевар, се простира на повеќе од 500 квадратни метри. Има три спални соби и пет тоалети, а кога ја купила чинела само 12 милиони долари.